Промоции doni mardziev nashiot den

13 март, 2013

Дони Марџиев го промовира „Нашиот ден“

Сигурно сите се сеќавате на групата Магија, која во 1998 година победи на Макфест со истоимениот сингл. По подолга пауза од македонската музичка сцена, еден од членовите на популарната група – Дони Марџиев промовира нова песна и видео запис.

Песната е плод од соработката со бугарскиот композитор Валентин Пензов, кој Дони имаше можност да го запознае претставувајќи ја Македонија на Балканскиот младински фестивал во Сандански, Бугарија. Токму Пензов ги потпишува музиката и аранжманот, додека текстот е на Тони Цифровски, а песната се снимаше во студиото на Дамјан Лазаров.

За „Нашиот ден“ да добие едноставна, но впечатлива визуелизација се погрижи режисерот Јован Ристовски, а снимањето се одвиваше во Дрим Каст продукција во Битола. Промоцијата е закажана за утре, 14-ти март во Lounge Bar Every Day со почеток од 19 часот.

 



Врати се горе ↑