Видео

10 јуни, 2019

Доминантни на сцена, Македонците растурија во „Ѕвездите на Гранд“

Викендов се емитуваше четврт-финалето на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде настапуваа и македонските кандидати. Тие со посебни перформанси растурија на сцената на „Гранд“ и поминаа во полуфиналето кое ќе се емитува следната сабота.

Прв од Македонците настапуваше Мартинијан Кириловски, кој е под менторство на Јелена Карлеуша и Ивана Петерс. Toj се претстави со песните „Остани“ од Горан Каран и „Време да се растаје“ од Дарко Радовановиќ.

Дарко Коцевски Даринос исто така се покажа одлично, а додека пееше жирито викаше: „браво Македонци, браво“. „Даринос гласав за тебе бидејќи и во двете песни беше врв“, изјави Ана Бекута.

Кога станува збор за Филип Пецовски, тој на сцената на Гранд секогаш прави шоу. Претходниот пат имавме можност да го видиме со кацига на главата, а синоќа се појави со танчерки кои играа околу него додека тој пееше. Тој направи вистинско шоу и ја крена публиката на нозе, а и успеа да се пласира во полуфиналето.

Посебен впечаток остави настапот на Огнен Здравкоски, кој на сцената се појави со Тијана Дапчевиќ. Познатата музчарка на виолончело ја свиреше „Ноктурно“, песната со која се претстави Огнен. Неговата менторка Марија Шерифовиќ беше воодушевена од настапот, а и жирито имаше само пофални зборови.

Дарко, Огнен, Мартинијан и Филип поминаа во полуфиналето кое ќе се одржи следната сабота.

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑