Видео

24 октомври, 2018

„Дома“ на Марија меѓу фаворитите на евровизиските обожаватели

Со задоцнување од неколку дена, евровизиската песна на Марија Спасовска конечно беше објавена на официјалниот канал на фестивалот на Јутјуб, а за само еден ден видеото собра над 11 илјади прегледи и бројни позитивни коментари од евровизиските обожаватели.

„Јасно е дека Македонија годинава сака да победи“, „Ремек-дело“ и „За првпат на големата и малата Евровизија мислам дека Македонија ќе се бори за победа“, се само дел од коментарите што ги оставаат љубителите на овој фестивал, посакувајќи ѝ среќа на нашата Марија.

Ви благодарам за целата поддршка која ми ја давате со Вашите коментари <3 <3 <3 Thank you for your support <3 <3 <3…

Gepostet von Marija Spasovska / Марија Спасовска am Mittwoch, 24. Oktober 2018

 

Сепак, дел од нив се загрижени дека настапот може да биде „уништен“ со лоша сценографија, забелешка што често ни ја даваат во врска со сите наши претставници на двете верзии од фестивалот. Како што веќе Ви пренесовме, за поставувањето на сцена Марија работи со младата и успешна режисерка Љупка Јакимовска, со која соработуваше и на нејзините претходни меѓународни настапи, па веруваме дека ништо нема да ја уништи магијата на оваа емотивна балада со моќна порака.

„Дома“ е авторско дело на Дарко Димитров и Елена Ристеска, а со неа Марија ќе ги брани боите на нашата земја на 16. издание на детскиот Евросонг, кој ќе се одржи на 25 ноември во Минск. Среќно!



Врати се горе ↑