Аудио

17 септември, 2018

Доли Партон и Сиа ги здружија силите за „Here I Am“

Неочекуваните соработки на две музички легенди се секогаш интересни и привлекуваат внимание, па таков е случајот и со неодамна објавениот дует на кантри-ѕвездата Доли Партон и австралиската хитмејкерка Сиа. Станува збор за обновена верзија на еден од најголемите хитови на Партон, „Here I Am“, кој 72-годишната дива го смести на албумот „Coat Of Many Colors“, објавен во далечната 1971 година.

Имено, новата верзија е снимена за потребите на музичката комедија „Дамплин“ (Dumplin’), чиј саундтрак ќе содржи уште шест сосема нови песни од Партон, а како звучи „Here I Am“ во дует со Сиа слушнете во продолжение.

 

Инаку, „Дамплин“ е нов филм на „Нетфликс“, во режија на Ен Флечер и напишан врз основа на истоимената новела на Џули Марфи, а освен австралиската актерка Даниел Макдоналд, која ја игра насловната улога, ќе ги видиме и Џенифер Анистон, Лук Бенвард, Одеја Раш и други. Покрај Доли Партон и Сиа, на саундтракот закажан за 30 ноември ќе запеат и Алисон Краус, Миранда Ламберт, Мејвис Стејплс, Ел Кинг и други.



Врати се горе ↑