Свет justin-timberlake-20-20-experience-release-date-600x450

6 февруари, 2013

Документарен филм за Тимберлејк

Џастин Тимберлејк подготвува документарен филм за неговото враќање на музичката сцена. Тој започнал да работи на неговиот трет албум „The 20/20 Experience“ во јуни минатата година, а голем дел бил завршен уште пред неговата венчавка во октомври. Всушност, тој снимил 20 песни за 20 дена, што е двојно повеќе од она што ќе се најде на материјалот, а оттаму и инспирацијата за насловот на албумот.

Додека траело снимањето, Џастин бил следен со камера, така што овој процес ќе биде овековечен во документарен филм, кој ќе биде премиерно прикажан непосредно пред објавувањето на албумот на 19-ти март. Џастин во последен момент е додаден на списокот на изведувачи кои ќе настапат на претстојните Греми нагади во недела, 10-ти февруари.

 

Извор: Idolator



Врати се горе ↑