Свет 3426618_640px

27 ноември, 2012

Документарен филм за Бијонсе

Американската пејачка Бијонсе ќе снима документарен филм за нејзиниот професионален и приватен живот, а што е уште поинтересно, таа ќе биде и во улога на режисер. Насловот на филмот за сега е непознат, но се знае дека премиерно ќе биде прикажан на 16-ти февруари следната година, соопштува кабелската мрежа HBO.

Филмот ќе го прикаже животот на оваа добитничка на престижната Греми награда, нејзината работа во студио, подготовките за настапите во живо, како и водењето на нејзината ТВ  и музичка продуцентска куќа. „Сите ја знаат нејзината музика, но малкумина навистина ја познаваат Бијонсе како личност“ – изјавил директорот на програмата на HBO, Мајкл Ломбардо во соопштението кое го пренесе агенцијата. „Заедно со снимките на Бијонсе на сцена, овој единствен поглед позади гламурот ја открива динамичната, ранлива и незаборавна жена.“

Исто така во овој документарец гледачите ќе имаат можност да видат и сцени од семејниот живот на 31-годишната ѕвезда, како и снимки кои ги направила самата пејачка. Бијонсе е во брак со хип-хоп уметникот и могул Џеј Зи, со кој ја има ќеркичката Блу Ајви Картер.

 



Врати се горе ↑