Свет backstreetboys0

12 февруари, 2013

Документарен филм за Бекстрит Бојс

Режисерот Стефан Кијак подготвува долгометражен документарен филм за подемот на еден од најпопуларните машки бендови на сите времиња, планетарно познатите Бекстрит Бојс. Филмот ќе говори за животите на членовите од бендот, од нивното детство па се до нивното прераснување во славниот машки бенд. Продуцентите Миа Бејс, Томас Бенски и Лукас Очоа објавија дека музичкиот документарец би требало да биде готов до крајот на оваа година.

Бекстрит Бојс продадоа повеќе од 130 милиони албуми во текот на врвот од својата кариера, а беа дел и од групата на Топ 30 најдобри светски уметници. „Беше возбудливо да се работи со нив и да се истражува нивното минато и иднина. Тие се скромни и искрени момци“ – вели Кијак.

„Отсекогаш сакавме да направиме филм и сега е идеално време за тоа. Кевин се врати и работиме на албум за нашата 20-годишнина. Се се вклопи во вистинско време, па затоа можеме да ја споделиме нашата приказна“ –  се наведува во официјалната изјава на групата, која и понатаму има огромна популарност во Јапонија, Латинска Америка, Германија, Англија, САД, Канада, Кина, Индија и Мексико. Ова го докажаа и концертите кои што неодамна се одржаа, а на кои беше пополнето и секое последно место во концертните сали.



Врати се горе ↑