Галерија 03

21 јуни, 2014

Доктори и Тамара и вечерва во Кратово на Златните денови

Вчеравечер се одржа првата вечер од првото издание на фестивалот „Кратовските Златни денови“, во чии рамки настапија Тајфата, Љубојна и ѕвездите од Х Фактор (Тамара, Маид, Доктори и Даниел). По нивните настапи, забавата се префрли на базенот, каде што специјални гости беа и ѕвездите од Х фактор.

На барање на публиката, Тамара и Доктори остануваат во Кратово и на втората Златна вечер, а пред нивниот вечерашен настап ќе се одржи Европскиот фестивал во тамбура. По тамбурашкиот фестивал, свој концерт ќе имаат Оџила од Србија, додека пак диџеј Шорти е задолжен за after party на базенот, каде повторно ќе се забавуваат ѕвездите од Х Фактор.

Задоволни детски насмевки, преполн плоштад и улички низ чаршијата,  беше вчерашната слика на Кратово. Златната еуфорија продолжува и денес, веќе од 14.00 часот на малата сцена кај Музејот на Кратово, каде што локални бендови и диџеи ќе ги забавуваат бројните посетители на Кратово. 

Програмата на главната сцена започнува од 19.00 часот со настапот на Раим Баки, а продолжува со фестивалот на тамбура. Златните денови 2014-та завршуваат со дружбата за најмладите со Златните Славејчиња на сцената пред Музејот, која ќе се случува утре од 12.00 часот.

Кратовчани задоволни од првата фестивалска вечер, ги покануваат сите љубители на добрата забава и вечерва да бидат дел од позитивната златна треска.



Врати се горе ↑