Настани 10352754_561759287268281_1959657919762720421_n

1 август, 2014

Доказ дека Македонците и Македонките се големи љубовници – огромен интерес за „Лав Фест 2014“ на 7 дена до почетокот на најљубовниот фестивал на Балканот!

Голем број промотивни забави, љубовен караван, доделување на билети за најверните ентузијасти и фанови од страна на познати македонски артисти, како и поддршка од истите за најљубовниот фестивал на Балканот, се само дел од активностите кои го одбележаа месецот пред годинешното издание на фестивалот на љубовта „Lоve fest 2014“. Организаторите задоволни, со задоволство ги очекуваат македонски фанови на овогодинешната ѕвездена фестивалска постава составена од Ерик Придз, Џеф Милс, Кени Ларкин, Марк Најт, Џејмс Забиела и многу други светски и регионални музички ѕвезди. Република Македонија истотака ќе има свој изведувач на главната фестивалска сцена, во името на одличниот Гоце САФ, кој им додели гратиси на две вљубени двојки.

На само 7 дена пред фестивалот, бројот на патници од Македонија за Врњачка Бања се зголемува постојано. Тоа е само доказ на одлична комбинација на народ кој навистина знае да покаже љубов и фестивал инспириран од чувството кое го движи универзумот!

Остануваат уште само 7 дена до фестивалот кој од 7 до 9 ќе се одржи во Врњачка бања, Србија. Поделен на три стејџа, фестивалот ќе понуди забава за сите љубители на фестивалски искуства. Покрај веќе споменатите суперстар имиња, за љубителите на „потврд” звук, на Live Stage-от ќе настапат Партибрејкерси, Бед Копи, Лет 3, Ритам Нереда, Рамбо Амадеус...

Годинешното издание на „Lovefest 2014“ ќе биде најквалитетното издание на фестивалот досега. Ова е одлична можност да се слави солидарноста, и да се рашири љубовниот флуид низ целиот регион. За сите „љубовџии” кои од 7-9 август ќе бидат дел од фестивалот на љубовта, можат да го резервираат своето место заклучно до сабота(02.08.). Информации за местото на продажба на аранжманите, како и останати прашања поврзани со фестивалот, можете да најдете на официјалната фан страна на „Lovefest 2014“ за Македонија!

Од 7-9 август, сите заедно одиме на „Lovefest 2014“ во Врњачка Бања!

 



Врати се горе ↑