Македонија frame2806

10 јули, 2013

„Дојди со мене“ – нова песна и видео запис од Елена Миленковска

Како што најави, младата пејачка Елена Миленковска по успехот со првата песна „Добар или лош“, за летниот период ја промовира нејзината нова песна. Во летен и жив ритам, „Дојди со мене“ е дело на познатиот тандем Цветкоски – братот Лазар се погрижи за музиката и аранжманот, додека неговата сестра Магдалена го напиша текстот.

За „Дојди со мене“, ексклузивката на  Горила Продукција сними и видео запис кој повторно е во режија на Владимир Дади Ивановски. Видеото се снимаше на неколку локации кои „одземаат здив“ во Торони, Халкидики и во него се појавуваат и 15-тина манекенки од модното студио „Црнокрак“. За потребите на спотот во Грција од Скопје патуваше повеќе од 30-члена екипа, која се погрижи снимањето да помине во најдобар ред.

Како и во претходниот запис главната улога покрај Елена ја има и младо и стројно момче. Ако во „Добар или лош“ тоа беше најдобриот македонски пливач Мартин Стефановски, сега улогата на фраер му пропадна на манекенот и топ модел Нинослав Милошевски.

Промоцијата на новиот видео запис ќе биде наскоро, а дотогаш Елена Ви ја претставува „Дојди со мене“, песна за која вели дека навистина ѝ „легна“. Во продолжение слушнете како звучи новиот летен хит и како се одвиваше снимањето на видео записот.

 



Врати се горе ↑