Видео

24 август, 2018

„Дојди“ е новата песна на Иван Илиев

„Дојди“ е насловот на неодамна објавената песна на Иван Илиев, на која пејачот работеше со колешката Ѓурѓица Вучиќ, со која заеднички ја потпишуваат музиката, стиховите се на Борче Димитров, додека аранжманот е на Драган Ристовски, а снимањето, миксот и мастерингот се направени во студиото на „ДРД медија“. 

Драган Ристовски свири и на тапани, бас и на клавијатури, на гитара гостува Дејвид Демир, на виолина Таир Аљуш, а придружните вокали ги отпеа Сара Николовска. Видеото, пак, во кое главната улога ја има Бојана Нушкова, го реализираше Зоран Зонде Стојановски. Како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑