Дојде крајот за Грлс Алауд
Како што најавија, членките на групата Грлс Алауд нема повеќе да настапуваат заедно. Синоќа девојките го одржаа нивниот последен концерт во Ливерпул, а потоа на нивната официјална страница на сервисот Твитер се појавил следниот статус: „Дојдовме до крајот на прекрасното време што го поминавме заедно.“
Групата настана по појавувањето во реалното шоу „Popstars: The Rivals“ во 2002 година. Со серија од 22 сингла кои влегоа во првите десет на британската листа, од кои четири беа на првото место, Грлс Алауд се група со најмногу продадени синглови во последната деценија во Велика Британија.
Девојките ги прекинаа секојдневните активности во 2009 година со цел да се фокусираат на соло проекти. Минатата година го објавија албумот со најголемите хитови насловен „Ten“, по повод јубилејот од 10 години од формирањето на групата, на кој се најдоа и „Something New“ и баладата „Beautiful Cause You Love Me“, а потоа заминаа на нивната последна турнеја.
Извор: Guardian.co.uk