Свет peoples_choice_awards_2014_timberlake

10 јануари, 2014

Доделени People’s Choice наградите

Публиката повторно ги даде своите гласови и деновиве беа доделени новите People’s Choice награди – годинава статуетката за најдобра комедија ја освои филмот „The Heat“, најдобар актер е Адам Сендлер, најдобра актерка во комедија е Сандра Булок, Елен ДеЏенерис сè уште (по 14-ти пат) е најомилената водителка…

Што се однесува на музиката, најдобра поп изведувачка според мислењето на публиката е Бритни Спирс, а најдобриот албум го сними Џастин Тимберлејк („The 20/20 Experience“ е и најпродаваниот албум за 2013 година во САД). И покрај ангажманот во Лас Вегас, Бритни сепак се појави на доделувањето и тоа во доста интересна гардероба (неколку фотографии можете да видите овде), додека Кејти Пери ги освои наградите за најдобра песна и најдобар видео запис за песната „Roar“.

Со наградите People’s Choice и традиционално почнува сезоната на доделување годишни награди во Холивуд, започнувајќи од Златниот Глобус во недела, продолжува со Греми наградите закажани за две недели, а ќе заврши со Оскарите на 2-ри март. Во продолжение погледнете го списокот од добитниците на овогодишните People’s Choice музички награди (комплетниот список можете да го видите овде):

Најдобар албум

  • “The 20/20 Experience” Џастин Тимберлејк

Најдобар изведувач

  • Џастин Тимберлејк

Најдобра изведувачка

  • Деми Ловато

Најдобар нов/а изведувач/ка

  • Ариана Гранде

Најдобра поп изведувачка

  • Бритни Спирс

Омилен/а кантри изведувач/ка

  • Тејлор Свифт

Кантри музичка икона

  • Тим МекГро

Најдобар хип-хоп изведувач

  • Меклмор и Рајан Луис

Најдобар Р&Б изведувач

  • Џастин Тимберлејк

Најдобра група

  • Уан Дајрекшн

Најдобра алтернативна група

  • Фол Аут Бој

Најдобра песна

  • “Roar” – Кејти Пери

Најдобар видео запис

  • “Roar” – Кејти Пери

 

 



Врати се горе ↑