Свет mtv vma 2013

26 август, 2013

Доделени наградите MTV VMA 2013

Овогодинешното доделување на музичките видео награди на MTV, кое се одржа синоќа во Барклис центарот во Бруклин, на спектакуларен начин го отвори Лејди Гага со изведбата на нејзиниот неодамна објавен сингл „Applause“.

Покрај Гага, на синоќешните доделувања настапија и Бруно Марс, Меклмор и Рајан Луис, Канје Вест, како и Робин Тик и Мајли Сајрус чиj провокативен настап уште долго ќе се памети.Џастин Тимберлејк успеа да ја подигне на нозе целата публика со маратонската изведба на неговите најголеми хитови која заврши со повторното собирање на групата ‘NSYNC на бината. Примајќи ја специјалната награда „Michael Jackson Video Vanguard Award“, тој изјави: „Половина од статуетката Moonman ја заработив заедно до овие четири момци.“

Честа да го затвори јубилејното 30-то доделување на овие награди ја имаше Кејти Пери со светската премиера на нејзиниот нов сингл „Roar“. Во продолжение погледнете ја листата на наградени видео записи, а репризи од манифестацијата ќе можете да гледате во следните термини на регионалниот канал MTV: вторник (27.8) во 22 часот, среда (28.8) во 5.40 часот, четврток (29.8) во 8.20 и 21 часот, петок (30.8) во 8.20 и 17.50 часот, сабота (31.8) во 12.10 часот и недела (01.9) во 14.10 и 21.50 часот. 

  • Video Of The Year
 – Justin Timberlake – “Mirrors”
  • Best Hip-Hop Video – Macklemore & Ryan Lewis feat. Ray Dalton – “Can’t Hold Us”
  • Best Male Video – Bruno Mars – “Locked Out of Heaven”
  • Best Female Video – Taylor Swift – “I Knew You Were Trouble”
  • Best Pop Video – Selena Gomez – “Come and Get It”
  • Best Collaboration – P!nk feat. Nate Ruess – “Just Give Me A Reason”
  • Best Video With A Social Message – Macklemore & Ryan Lewis – “Same Love”
  • Best Rock Video – 30 Seconds To Mars Thirty Seconds to Mars – “Up In The Air”
  • Best Art Direction – Janelle Monae feat. Erykah Badu – “Q.U.E.E.N”
  • Best Choreography – Bruno Mars – “Treasure”
  • Best Cinematography – Macklemore & Ryan Lewis feat. Ray Dalton – “Can’t Hold Us”
  • Best Direction – Justin Timberlake feat. Jay-Z – “Suit & Tie”
  • Best Editing – Justin Timberlake – “Mirrors”
  • Best Visual Effects – Capital Cities – “Safe and Sound”

Извор и фото: mtv.rs



Врати се горе ↑