Видео 78485_b2692336968ace0e8ed087d109def336_e041adf6d8af599d45b7f70e101c5944

20 февруари, 2014

Доделени Британските музички награди – BRIT Awards 2014

Синоќа во лондонската „О2“ арена по 34-ти пат беа доделени британските музички награди, односно „BRIT Awards“, манифестација која за прв пат се одржа во 1977 година. На овој настан чиј водител беше Џејмс Корден, настапија домашни и интернационални музички ѕвезди како што се Бијонсе, Бруно Марс, Фарел Вилијамс со Најл Роџерс, „Бастил“ и „Рудиментал“, Кејти Пери, Ели Гоулдинг и сензацијата Лорд која настапи заедно со дуото „Дисклоужр“ и „АлунаЏорџ“.

Со по две награди убедливи победници се „Арктик манкис“ и „Уан дајрекшн“, додека победниците во останатите категории си заминаа дома со по една статуетка. Од неодамна е познат и добитникот на наградата „BBC Sound of 2014“, односно музичар од кого најмногу се очекува оваа година, а тоа е 21-годишниот Сем Смит. Комплетниот список на наградени можете да го погледнете во продолжение, а веднаш потоа и сите настапи од синоќешната манифестација.

Британски женски соло уметник: Ели Гоулдинг
Британски машки соло уметник: Дејвид Боуви
Британски нов уметник: „Бастил“
Британска група: „Арктик манкис“
Британски сингл: „Рудиментал“, „Waiting All Night”
Британски албум на годината: „Арктик манкис“, AM“
Британски видео запис на годината: „Уан дајрекшн“, „Best Song Ever”
Интернационален женски соло уметник: Лорд
Интернационален машки соло уметник: Бруно Марс
Интернационална група: „Дафт панк“
Избор на критичарите: Сем Смит
Глобален успех: „Уан дајрекшн“



Врати се горе ↑