Свет

11 февруари, 2019

Доделени британските филмски награди „БАФТА 2019“

Во „Ројал Алберт хол“ во Лондон синоќа се одржа 72. доделување на британските филмски награди „БАФТА 2019“, а домаќинка на манифестација втора година со ред беше познатата англиска актерка Џоана Ламли. На овој британски пандан на американските Оскари, според бројот на номинации фаворит беше „Фаворитот“, кој беше во трка за 12 статуетки, a победи во вкупно седум категории, меѓу кои за најдобра актерка во главна улога (Оливија Колман) и најдобра актерка во споредна улога (Рејчел Вајс).

Сепак, како победник на вечерта се издвои „Рома“ на Алфонсо Куарон, кој победи во четири од седумте категории во кои беше номиниран, вклучувајќи ги и главните две – најдобар филм и најдобра режија.

Image result for bafta 2019

Сосема очекувано, најдобар актер во главна улога е Рами Малек во „Боемска рапсодија“, а најдобар актер во споредна улога е оскаровецот Махершала Али во „Зелената книга“. Биографскиот филм за легендарниот Фреди Меркјури ја доби и наградата за најдобар звук, додека новата адаптација на „Ѕвездата е родена“ на Лејди Гага и  Бредли Купер им ја донесе наградата за најдобра оригинална музика.

Највисокото признание годинава отиде во рацете на американската монтажерка Телма Скунмејкер (79), која преку пет децении соработува со легендарниот режисер Мартин Скорсезе.

Доделувањето на британските филмски награди е последниот вовед во Оскарите, чии добитници годинава ќе ги дознаеме за две недели, на 24 февруари, со што и се затвора годинашната сезона на награди. Кој сè е во трка за најпосакуваните златни статуетки потсетете се овде, а победниците на „БАФТА 2019“ Ве очекуваат во продолжение.

Најдобар филм

Најдобар британски филм

Најдобро деби на британски автор, режисер или продуцент

  • „Апостаза“ (Apostasy)Даниел Кокотејлоу (автор, режисер)
  • „Ѕвер“, Мајкл Пирс (автор, режисер), Лорен Дарк (продуцентка) – ПОБЕДНИК
  • „Камбоџиска пролет“ (A Cambodian Spring), Крис Кели (автор, режисер)
  • „Пили“ (Pili)Лиен Велам (авторка, режисерка), Софи Харман (продуцентка)
  • „Реј и Лиз“ (Ray & Liz)Ричард Билингам (автор, режисер), Џеки Дејвис (продуцентка)

Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје

Најдобар документарен филм

Најдобар анимиран филм

Најдобар режисер

  • Црн член на Кју Клукс Клан, Спајк Ли
  • Студена војна, Павел Павликовски
  • Фаворитот, Јоргос Лантимос
  • Рома, Алфонсо Куарон – ПОБЕДНИК
  • Ѕвездата е родена, Бредли Купер

Најдобро оригинално сценарио

  • Студена војна, Јанус Гловаки и Павел Павликовски
  • Фаворитот, Дебора Дејвис и Тони МекНамара – ПОБЕДНИЦИ
  • Зелената книга, Брајан Кири, Питер Фарели и Ник Валелонга
  • Рома, Алфонсо Куарон
  • Заменик, Адам МекКеј

Најдобро адаптирано сценарио

  • Црн член на Кју Клукс Клан – Спајк Ли, Дејвид Рабиновиц, Чарли Вачел и Кевин Вилмот – ПОБЕДНИЦИ
  • Ќе ми простиш ли некогаш? (Can You Ever Forgive Me?) – Никол Холофсенер и Џеф Вити
  • Првиот човек (First Man) – Џош Сингер
  • Ако улицата Бил можеше да зборува (If Beale Street Could Talk) – Бери Џенкинс
  • Ѕвездата е родена – Бредли Купер, Вил Фетерс и Ерик Рот

Најдобра актерка во главна улога

  • Глен Клоуз, Сопругата (The Wife)
  • Лејди Гага, Ѕвездата е родена
  • Мелиса Мекарти, Ќе ми простиш ли некогаш?
  • Оливија Колман, Фаворитот – ПОБЕДНИК
  • Вајола Дејвис, Вдовици (Widows)

Најдобар актер во главна улога

  • Бредли Купер, Ѕвездата е родена
  • Кристијан Бејл, Заменик
  • Рами Малек, Боемска рапсодија – ПОБЕДНИК
  • Стив Куган, Стен и Оли
  • Виго Мортенсен, Зелената книга

Најдобра актерка во споредна улога

  • Ејми Адамс, Заменик
  • Клер Фој, Првиот човек
  • Ема Стоун, Фаворитот
  • Марго Роби, Марија, кралица на Шкотите (Mary, Queen оf Scots)
  • Рејчел Вајс, Фаворитот – ПОБЕДНИЧКА

Најдобар актер во споредна улога

  • Адам Драјвер, Црн член на ККК
  • Махершала Али, Зелената книга – ПОБЕДНИК
  • Ричард Е. Грант, Ќе ми простиш ли некогаш?
  • Сем Роквел, Заменик
  • Тимоти Шаламе, Убаво момче (Beautiful Boy)

Најдобра оригинална музика

  • Црн член на ККК
  • Ако улицата Бил можеше да зборува
  • Остров на кучињата
  • Мери Попинс се враќа
  • Ѕвездата е родена – ПОБЕДНИК

Најдобра кинематографија

  • Боемска рапсодија
  • Студена војна
  • Фаворитот
  • Првиот човек
  • Рома – ПОБЕДНИК

Најдобра монтажа

  • Боемска рапсодија
  • Фаворитот
  • Првиот човек
  • Рома
  • Заменик – ПОБЕДНИК

Најдобар дизајн на продукција

Најдобар дизајн на костими

  • Балада за Бастер Скрагс (The Ballad of Buster Scruggs)
  • Боемска рапсодија
  • Фаворитот – ПОБЕДНИК
  • Мери Попинс се враќа
  • Марија, кралица на Шкотите

Најдобра шминка и фризура

  • Боемска рапсодија
  • Фаворитот – ПОБЕДНИК
  • Марија, кралица на Шкотите
  • Стен и Оли
  • Заменик

Најдобар звук

  • Боемска рапсодија – ПОБЕДНИК
  • Првиот човек
  • Невозможна мисија: Распад (Mission Impossible: Fallout)
  • Тивко место (A Quiet Place)
  • Ѕвездата е родена

Најдобри специјални визуелни ефекти

Британски краткометражен анимиран филм

Британски краток филм

  • 73 крави (73 Cows) – ПОБЕДНИК
  • Ерген, 38 (Bachelor, 38)
  • Сината врата (The Blue Door)
  • Поле (The Field)
  • Кит (Whale)

Ѕвезда во подем (по избор на публиката)

  • Бери Кјоган (Barry Keoghan)
  • Синтија Ериво (Cinthia Erivo)
  • Џеси Бакли (Jessie Buckley)
  • Лакит Стенфилд (Lakeith Stanfield)
  • Летиша Рајт (Letitia Wright) – ПОБЕДНИЧКА


Врати се горе ↑