Видео ama

23 ноември, 2015

Доделени американските музички награди за 2015 година

Синоќа во театарот „Мајкрософт“ во Лос Анџелес по 43. пат беа доделени американските музички награди, а манифестацијата ја водеше познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез. Тејлор Свифт, која беше номинирана во дури шест категории, дома си замина со 3 статуетки, меѓу кои за песна на годината (Blank Space) и албум на годината (1989), а со по две освоени награди се закитија канадската ѕвезда Викенд, хип-хоп кралицата Ники Минаж и британската сензација „Уан дајрекшн“.

Меѓу изведувачите што настапија на синоќешниот спектакл се најдоа Селена Гомез, Кери Андервуд, Деми Ловато, Меган Трејнор, Аријана Гранде, Гвен Стефани, „Колдплеј“, Џастин Бибер и други, но секако дека најемотивен беше настапот на дивата Селин Дион, која во чест на жртвите од терористичките напади што на 13 ноември се случија на неколку локации во француската престолнина, ја отпеа песната „Hymne à l’amour“ (Химна на љубовта), оригинално отпеана од легендарната Едит Пјаф во 1950 година.

 

 

Комплетниот список со наградени музичари погледнете во продолжение:

Уметник на годината – „Уан дајрекшн“

Најдобар нов уметник – Сем Хант

Песна на годината – „Blank Space“, Тејлор Свифт

Соработка на годината –Where Are Ü Now“ , Скрилекс и Дипло со Џастин Бибер

Најдобар поп/рок уметник – Ед Ширан

Најдобра поп/рок уметница – Аријана Гранде

Најдобро поп/рок дуо или група – „Уан дајрекшн“

Најдобар поп/рок албум„1989“, Тејлор Свифт

Најдобар уметник на кантри музика – Лук Брајан

Најдобра уметница во кантри музика – Кери Андервуд

Најдобро кантри дуо или група – „Флорида Џорџа лајн“

Најдобар кантри албум – „Anything Goes“, Флорида Џорџа Лајн

Најдобар рап/хип-хоп уметник- Ники Минаж

Најдобар рап/хип-хоп албум – „The Pink Print“, Ники Минаж

Најдобар ар-ен-би/соул уметник – Викенд

Најдобра ар-ен-би/соул уметница – Ријана

Најдобар ар-ен-би/соул албум – „Beauty Behind the Madness“, Викенд

Најдобар алтернативен рок уметник – „Фол аут бој“

Најдобар возрасен современ уметник – Тејлор Свифт

Најдобар латино уметник – Енрике Иглесијас

Најдобар современ инспиративен уметник – „Кастинг краунс“

Најдобар ЕДМ уметник (електронска и денс музика) – Келвин Харис

Најдобар саундтрак – „Pitch Perfect 2“

 



Врати се горе ↑