Видео ama-2013

25 ноември, 2013

Доделени Американските Музички Награди за 2013 година

Синоќа во „Nokia“ театарот во Лос Анџелес се одржаа 41-вите доделувања на Американските Музички Награди, на кои присусвуваа и учествуваа голем број познати имиња од музичката сцена, а настапија имиња како што се Лејди Гага и Ар Кели, Мајли Сајрус, Кејти Пери, Уан Дајрекшн, Имеџин Дрегонс, Кендрик Ламар, Ариана Гранде, Кеша и Питбул, еден од музичарите кој собра најголем број награди – Џастин Тимберлејк, ѕвездата која беше прогласена за „Икона“ – Ријана, Кристина Агилера, ТиЕлСи, како и Џенифер Лопез која имаше интересен настап во чест на покојната кубанска пејачка Селиа Круз. Во продолжение погледнете ги сите настапи од синоќешниот спектакл, како и комплетниот список на победници.

Уметник на годината: Тејлор Свифт
Нов уметник на годината: Ариана Гранде
Сингл на годината: Флорида Џорџиа Лајн и Нели – „Cruise”
„Икона“: Ријана
Поп/рок женски изведувач: Tејлор Свифт
Поп/рок машки изведувач: Џастин Тимберлејк
Поп/рок бенд/дуо/група: Уан Дајрекшн
Поп/рок албум: Уан Дајрекшн, „Take Me Home“
Соул/Р&Б женски изведувач: Ријана
Соул/Р&Б машки изведувач: Џастин Тимберлејк
Соул/Р&Б албум: Џастин Тимберлејк, „The 20/20 Experience“
Изведувач на електронска денс музика: Авичи
Кантри албум: Тејлор Свифт, „Red“
Кантри група: Лејди Антебелум
Женски кантри изведувач: Тејлор Свифт
Машки кантри изведувач: Лук Брајан
Рап/Хип-Хоп албум: Меклмор и Рајан Луис, „The Heist“ 
Алтернативен рок изведувач: Имеџин Дрегонс
Возрасен современ изведувач: Марун 5
Латино изведувач: Марк Ентони
Современ инспиративен изведувач: Метју Вест
Најдобар саундтрак: „Pitch Perfect“

 

Ријана го отпеа хитот „Diamonds“ и ја прими првата награда „Икона“, која ѝ ја врачи нејзината мајка.

 

Лејди Гага настапи заедно со колегата Ар Кели, со кој го отпеа дуетот „Do What You Want“.

 

Мајли Сајрус ја отпеа баладата „Wrecking Ball“, која е нејзин актуелен сингл од албумот „Bangerz“.

 

Кејти Пери го претстави својот актуелен сингл, баладата „Unconditionally“, а нејзиниот настап беше збогатен со ориентален звук.

 

Џастин Тимберлејк ја отпеа песната за алкохолот насловена „Drink You Away“.

 

 

Реформираната група ТиЕлСи настапи со нивниот најпознат хит „Waterfalls“ заедно со колешката Лил Мама.

 

Кристина Агилера настапи заедно со групата А Грејт Биг Ворлд, изведувајќи го неодамна претставениот сингл „Say Something“.

 

Раперот Кендрик Ламар настапи со темите „Swimming Pools“ и „Poetic Justice“.

 

Настапот на Џенифер Лопез во чест на Селиа Круз можете да го видите во продолжение.

 

Ариана Гранде настапи со песните „The Way“ и „Tattoed Heart“.

 

 

Бендот кој ја освои наградата „Алтернативен рок изведувач“, Имеџин Дрегонс се претставија со актуелниот хит сингл „Radioactive“ и „Demons“.

 

Кеша настапи заедно со колегат Питбул, изведувајќи го нивниот заеднички хит сингл „Timber“.

 

Британската сензација Уан Дајрекшн настапи со актуелниот сингл „Story of My Life“.

 

 



Врати се горе ↑