22 февруари, 2013

„Добредојдовте во клубот“ на Северина

Од нејзиниот актуелен албум „Добродошао у клуб“, хрватската ѕвезда Северина Вучковиќ сними видео запис за нумерата „Узбуна“, а денеска пристигна уште еден видео запис од ова издание. Станува збор за насловната нумера, чии музика и текст ги потпишува Милош Рогановиќ, а аранжманот заеднички го потпишуваат Рогановиќ, Филип Милетиќ и Душан Алагиќ. Видео записот се снимаше во Мали Дворац, а режијата е на Марко Грубишиќ. Погледнете како сето тоа изгледа.

Извор и фото: Фејсбук фан страница на Северина Вучковиќ



Врати се горе ↑