4 април, 2013

„Добар или лош“ е новиот видео запис на Елена Миленковска

Горила продукција со задоволство Ви претставува уште еден одличен продукт на мајсторите на видео записите, Владимир Ивановски – Дади и Нена Зафировска.

Овојпат тоа е новиот видео запис за младата пејачка Елена Миленковска, која со песната „Добар или лош“ го остава својот прв белег на македонската сцена. Спотот, во кој покрај Елена глуми и најдобриот македонски пливач во моментов, Мартин Стефановски, се снимаше на неколку локации низ Белград и Прилеп.

Бидејќи песната се вика „Добар или лош”, баравме најдобри кадри кои ќе бидат соодветни на приказната, која се врти околу мене и Мартин, односно без разлика дали е добар или лош јас сепак сакам да сум со него. Многу сум задоволно од соработката со Горила продукција, имав целосна доверба во нив, посебно во Дади и Нена кои спотот го направија и подобро отколку што воопшто можев да замислам. Погледнете го и вие спотот и проценете дали навистина вреди да се пофали“ – вели Елена.

Аранжманот и музиката на песната „Добар или лош” се дело на Лазар Цветковски, додека како текстописец се потпишува Магдалена Цветковска – Ена.



Врати се горе ↑