Аудио ba-dyslm

11 јуни, 2015

„Do You Still Love Me“ е новиот хит на Боби Андонов

По пауза од речиси две години, Боби Андонов конечно нè израдува со нова авторска песна. Станува збор за темата насловена „Do You Still Love Me“, чии автори се самиот Боби и Џон Хјум, кој го продуцираше новиот сингл. Со интересни елементи кои потсетуваат на музиката од осумдесеттите години, во песната се забележува инспирацијата од музичарите кои извршиле најголемо влијание врз него (Принс, Џорџ Мајкл, Теренс Трент Д’Арби) и може слободно да се каже дека ќе биде голем хит!

 

Инаку, сигурно се сеќавате дека Боби во 2008 година ja претставуваше Македонија на Детската Евровизија со песната „Прати ми СМС“, се прослави и со учеството на Австралија има талент во 2010 година, a оттогаш претстави неколку оригинални песни („Saving You“, „Broken“, „War Is Love“, „Fall Into My Love“), како и преработки на познати хитови („Stay“ од Ријана, „Wrecking Ball“ од Мајли Сајрус), a се потпиша и како коавтор на песна од познатиот холански диџеј и продуцент Афроџек. Неговата најнова преработка на темата „Talk Is Cheap“ од Чет Фејкер можете да ја преслушате во продолжение.

И.Ј.



Врати се горе ↑