Аудио ana-simonovska

26 февруари, 2015

„До последен миг“ – нова песна од Ана Симоновска

Со големо задоволство Ви ја претставуваме најновата песна на Ана Симоновска, којашто го носи насловот „До последен миг“. Како и за претходните остварувања, така и овој пат Симоновска се потпишува како автор на музиката и текстот, за аранжманот се погрижи Дарко Тасев, со кого има повеќегодишна успешна соработка, а за продукцијата е одговорен Кристијан Габроски.

Во изминатите неколку месеци работев на уште две нумери, повторно со Тасев, кои беа снимени во До-Ре-Ми студио со продуцентот Златко Симионски, а ќе бидат промовирани во периодот кој следува“, најави Симоновска, додавајќи дека за новата песната планира да сними и видео запис.

 „До последен миг“ доаѓа по успешниот колаборативен проект, кој ги спои Македонската и Хазараги култура, а кој беше реализиран за време на нејзиниот престој во Исламабад, Пакистан: „Видео записот за преработката на македонската народна песна „Сношти сакав да ти дојдам“ доживеа своја јавна презентација во срцето на Хазара заедницата во Балочистан, во август минатата година, а дополнително беше прикажан на телевизиски канали во Пакистан и Авганистан“, вели музичарката.

„До последен миг“, а воедно и сите досега објавени песни, може бесплатно да се преземе на www.soundcloud.com/anasimonovska. Достапна е за преслушување на нејзините канали на Јутјуб“ и „Вимео“, а можете да ја преслушате и во продолжение.

 

За Ана Симоновска

Дипломиран музичар, теоретичар и педагог, свири пијано, македонски народни инструменти и гитара. На македонска музичка сцена дебитираше со настапот на Скопскиот фестивал во 1999 година, кога ја отпеа „Дојди ми“, потоа на националниот избор за Евросонг во 2002-ра се претстави со „Како ми е мене“, а во 2009-та со „Добар крај“. Следеа бројни настапи во живо со бендот „Барбут“, со кој ја сними „Собери сила“, а самостојно ги изработи „Застани“, „Студени“, „Where do we go“, „Сега си ти“, „Пријател“, „Утро без тебе

Ана речиси 2 години живееше во Исламабад, Пакистан, каде оствари успешна соработка со музичкиот продуцент Таимур Мирза, со интернационалниот бенд „Кhaas Collaboration“, а имаше и самостојни настапи.

Веќе неколку месеци живее во Москва, каде веќе почна да остварува контакти со локални музичари.



Врати се горе ↑