Видео

11 јули, 2018

„До крајот“, постхумен сингл од Влатко Илиевски

Македонија сè уште е во шок од ненадејната и прерана смрт на популарниот рок-пејач Влатко Илиевски, кој на 6 јули беше пронајден мртов во својот автомобил, а резултатите од истрагата се очекуваат наскоро. Голем број од неговите колеги и пријатели открија дека пејачот и актер имал големи музички планови, но не успеа да ги реализира и лично да ги претстави пред публиката…

ПРЕМИЕРНО…Влатче, до крајот, се до рајот, ти ветувам ќе се борам никогаш да не бидеш заборавен. Нека ми биде ладно пивото кога ќе се видиме. До следното видување драги. 🍻💔

Gepostet von Vlatko Ilievski am Mittwoch, 11. Juli 2018

Благодарение на продукцијата „Фабрика“, на нивниот канал на Јутјуб денеска осамна нова песна на која Илиевски работел во изминатиот период. Станува збор за уште еден одличен рок-сингл насловен „До крајот“, во карактеристичниот стил на Влатче…

„До крајот, сè до рајот, да дишеме во еден здив…“, пее тој, а како звучи и изгледа сето тоа дознајте во продолжение…



Врати се горе ↑