Аудио 16649176_814351622048233_4456857247637124186_n

28 август, 2017

„Do It Right“ на Јулијана е најновиот хит од студиото на Роберт Билбилов

Од студиото на еден од најдобрите македонски композитори и продуценти, Роберт Билбилов, постојано излегуваат хитови, како за македонски, така и за изведувачи од регионот, па и пошироко. Популарниот музичар, кој често ја лансира кариерата на нови и надежни имиња, изминатиов период соработуваше и со ар-ен-би пејачката Јулијана, чиј сингл насловен „Do It Right“ ќе сакате да го преслушате уште еднаш и уште еднаш…

17203074_832399466910115_7405837938558482046_n

Како што пишува во нејзината биографија, Јулијана е егзотичен микс од кубански и босански корени, израснала во австриската престолнина Виена, а сега живее во Јужна Америка. Својата музичка кариера ја започна во 2010, со настапи во Виена, Берлин, Хамбург, Будимпешта…, а пишувала песни и за други изведувачи од Европа. Од 2016 година започна да работи на својот прв албум, кој ќе го промовира и на нашите простори.

16864946_827608060722589_7370028656691190989_n

За нејзиниот нов сингл, чија музика, аранжман и продукција ги потпишува Билбилов, талентираната пејачка стиховите си ги напиша сама, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

И.Ј. / Фотографии: Фејсбук



Врати се горе ↑