Аудио

16 јануари, 2018

„Дно дна“ – ова е песната на Балашевиќ која му ја забранија во Србија

Легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ неодамна ја објави својата нова песна, која го носи насловот „Дно дна“. Станува збор за тема со политичка, човечка, општоцивилизациска универзална… порака во себе, но некои во неа видоа повеќе од музика и поезија, па дел од радио станиците во Србија  му ја забранија за емитување симнувајќи ја од својата програма.

Имено, Балашевиќ овде проговорил за состојбата во политиката и во општеството воопшто во Србија, а изгледа дека во неа се пронашле многумина од политичката елита, па или тие дале налог или автоцензурата во главите на уредниците проработила, па  ја забраниле песната на Балашевиќ за емитување на радијата. Колку за да ја потврдат тезата од неговите стихови дека с(м)е… „Дно дна“!

Што има познатиот музичар да каже на оваа тема можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑