Настани 10451158_10152373713182391_2308706030276625778_n

21 ноември, 2014

ДНК викендов со концертни настапи во Велес и Скопје

Момците од популарното дуо ДНК викендов ќе одржат два концерта во придружба на бенд во живо, а првиот од нив, кој ќе се одржи утревечер во клубот „Авангард“ во Велес, е дел од хуманитарниот викенд за помош на малата Тамара, на која ѝ е потребна операција во странство.

Во недела, на 23 ноември, во клубот „Театро“ во Скопје, Панчо и Андреј најавија концерт во чии рамки за прв пат ќе го изведат во живо нивниот неодамна објавен хит „Север и југ“, кој за брзо време ги освои срцата на публиката.  Со поддршка на диџите Ајри Скреч и Мартин, настанот ќе започне на полноќ, а влезниците се по цена од 100 денари.

 



Врати се горе ↑