Македонија photo

28 април, 2014

ДНК со настап во Швајцарија

Наредниот викенд Македонците во кантонот Золотурн ќе доживеат вистинско Р&Б шоу какво што единствено момците од ДНК, Панчо и Андреј, го прават за својата публика. Клубот „Сен Тропе“ во Герлафинген ќе биде местото на случување на журката којашто обожавателите на ДНК во Швајцарија ја очекуваат веќе подолг период и која  е закажана за 3 мај (сабота).

„Драго ни е што нашата музика се слуша и во Швајцарија, па со особено задоволство ја прифативме поканата да се забавуваме заедно со тамошната публика и да ѝ приредиме забава за паметење“, изјавуваат Панчо и Андреј.

Најголемите хитови од албумите „Срце“ и „Кажано е сè“, како што се: „Што сака нека биде“, „Авион“, „Опуштено“, „Срце“, „Од утро до мрак“, „Полна месечина“, „Пази се од мене“ ќе бидат дел од репертоарот што ДНК ќе го изведат во Герлафинген. Вечерта на 3 мај, покрај ДНК, публиката во клубот „Сен Тропе“ ќе ја забавува и Симона Попоска.



Врати се горе ↑