Настани IMG_2358

4 јули, 2015

ДНК со концертна турнеја низ Македонија

По успешниот концерт во Скопје, ДНК заедно со својот бенд ја продолжува својата летна концертна турнеја низ Македонија. На задоволство на своите фанови, ар-ен-би дуото ДНК летово ќе биде на сцена, во живо, настапувајќи низ скоро сите градови во земјата. Се најавуваат перформанси со многу емоции и позитивна енергија кои никого нема да остават рамнодушен. Според распоредот на турнејата за месец јули, првиот концерт е закажан за во сабота, на 4 јули, во Велес во „Клуб 54“.

Целосната концертна агенда за месец јули е следна:

Сабота, 04 јули, Клуб 54-Велес

Петок, 17 јули, Пиво Фест- Прилеп

Петок, 24 јули, Плоштад- Ресен

Сабота, 25 јули, Плоштад- Пробиштип

Недела, 26 јули, Плажа Кадмо- Охрид      

Обожавателите на ДНК конечно ќе имаат можност да уживаат во концертните настапи со бенд на нашето нај големо ар-ен-би дуо ДНК. Панчо и Андреј заедно со нивниот бенд (Танче Гроздановски – гитара, Никола Бочваров – бас, Сашо Стојановски – тапани, Влатко Георгиев – сајзер, Горан Папаз – сакс и придружните вокали Маја Саздановска, Сара Николовска и Ана Костадиновска) Ве канат на незаборавни перформанси какви што беа оние кои ги наполнија Универзална сала, Метрополис арена, и неодамна одржаниот концерт во летниот клуб „Привилеџ“.  „Навлечен на тебе“, „Што сака нека биде“, „Дада“, „Срце“, „Најмила“, се само дел од хитовите на ДНК кои ќе се пеат на концертната турнеја. Емоции, адреналин и позитивна енергија се она што ќе ги одбележи овие концерти кои ќе бидат вечери за паметење и интимна забава на која никој нема да остане рамнодушен.



Врати се горе ↑