Концерт dnk

28 февруари, 2017

ДНК со голем славенички концерт

Предводниците на македонската ар-ен-би/поп сцена, Панчо и Андреј и официјално го најавија својот голем славенички концерт кој ќе се одржи на 12 мај (петок), во арената „Метрополис“ во Скопје! Овој концерт на ДНК е одбележување на 15 години од нивното постоење на македонската музичка сцена, но воедно и концертна промоција на нивниот најнов албум „Уште еден ден“ (мај, 2016).

На големиот концерт во Скопје, ДНК во придружба на својот бенд ќе ги изведат последните музички остварувања и сите останати хитови од нивниот 15-годишен репертоар, кои денес бележат и милионски прегледувања на нивниот официјален канал на „Јутјуб“, како: „Срце“, „Што сака нека биде“, „Север и југ“,„Она е од Шутка“, „Авион“, „Само таа знае како“, „Најмила“, „Стојам сам“, „Полна месечина”, „Навлечен на Тебе”, „Пази се од Мене”

На тричасовното шоу друштво ќе им прават и сите колеги со кои во својата 15-годишна кариера имаа соработки. Браќата Тавитјан, Тамара Тодевска, Магдалена Цветковска-Ена, Роберт Билбилов, Дарко Илиевски се само дел од домашните музички имиња кои ќе ги видите и чуете на сцената во „Метрополис“ на 12 мај  (петок).

Почетокот на спектаклот е најавен за во 21 часот, а вратите за влез ќе бидат отворени од 20 часот. За загревањето на атмосферата ќе се погрижат хип-хоп диџеите: Irie Scratch, Fitty Flow и диџеј Nasty. Од понеделник, 6 март, билетите ќе може да се набават по симболична цена преку продажната мрежа на МК Тикетс.

До 24 април – 200 ден; од 25 април – 300ден
Фан Пит: до 24 април – 300ден; од 25 април – 400ден
Вип: до 24 април – 400 ден; од 25 април – 500ден

Концертот е во организација на ДНК и продукцијата „Горила“.



Врати се горе ↑