Видео

26 април, 2019

ДНК со експлицитен сингл и видео за „Ромео и Јулија“

Ар-ен-би дуото ДНК го претстави својот нов сингл насловен „Ромео и Јулија“, во кој гостува колегата Ајри Скреч и чии стихови и експлицитно видео кренаа голема прашина во јавноста. Станува збор за авторско дело на веќе докажаниот двоец Панчо и Лазар Цветкоски, додека аранжманот е на 5R, а мастерингот е на Стрики од Лондон.

Покрај музичарите, во новото видео се појавуваат и повеќе познати личности како што се кошаркарската легенда Перо Антиќ, моделите Александра Накова и Емилија Розман, Буцо Битбокс, како и танчерите од студиото „Twerk Low Z“, Латин Принц, Бојана Нушкова и Мажестик (Александра Трпеска).

Ова е втора песна од ДНК годинава и доаѓа по „Кога би знаела сè“, објавена во јануари за време на божиќните празници, а како звучи и изгледа „Ромео и Јулија“ дознајте во продолжение.



Врати се горе ↑