Македонија dnk spot 1

9 октомври, 2013

ДНК снимија видео запис за „Што сака нека биде“

Панчо и Андреј од Р&Б дуото ДНК вчера одржаа уште еден успешен настап на сцена заедно со својот бенд, но овој пат за потребите на снимањето на видео приказната за нивниот голем хит „Што сака нека биде“. Студиото на Томато Продукција, која беше задолжена за снимање и на овој спот на ДНК, беше локацијата на одржување на „свирката“ на која друштво на  момците им правеа многу статисти.

Новиот видео запис ќе изобилува со многу сцени и кадри несекојдневни за Панчо и Андреј и ќе биде промовиран за две недели, а ДНК најавуваат снимање на спот и за темата „Опуштено“ до крајот на годинава. Лазар Цветкоски е автор на музиката и аранжманот, а Магдалена Цветкоска и Панчо го напишаа текстот за „Што сака нека биде“ која стана голем хит на радио станиците веднаш по излегувањето на албумот „Срце“ којшто ДНК го промовираа во мај оваа година.

 



Врати се горе ↑