Видео

8 мај, 2017

ДНК претконцертно гостуваа во „Еден на еден“

Само една недела пред големиот роденденски концерт, со кој ќе одбележат 15 години на сцената, ДНК гостуваа во емисијата „Еден на еден“, каде што разговараа за повеќе искуства и анегдоти од досегашната кариера. Домаќинот Жаре, како и голем дел од нивните обожаватели, беше љубопитен дали на концертот ќе се појави и нивниот долгогодишен соработник и колега Раде Врчаковски Врчак, кој веќе подолго време е отсутен од сцената. Целиот разговор можете да го погледнете овде.

Славеничкиот концерт на ДНК ќе се одржи в петок, 12 мај, во арената „Метрополис“, а покрај Панчо и Андреј со нивниот бенд, на сцената ќе настапат и специјалните гости: Тамара Тодевска, Роберт Билбилов, Магдалена Цветкоска Ена, браќата Тавитјан, Дарко Илиевски и многу други. Билетите се веќе пуштени во продажба и можат да се набават преку продажната мрежа на МК Тикетс.

Фотографија: Јутјуб



Врати се горе ↑