Македонија 988941_844147335642969_7798166318666645901_n

3 март, 2015

ДНК наскоро со нов сингл и видео запис

По експресно распродадениот албум „Срце“ во 2013 година и минатогодишните хитови „Она е од Шутка“ и „Север и Југ“, ар-ен-би дуото ДНК веќе започна со подготовките за следниот албум. За новото издание момците повторно соработуваат со веќе докажаниот продуцент и долгогодишен соработник, Лазар Цветкоски, а според неодамнешната најава на Фејсбук, првиот „залак“ од новиот материјал ќе го носи насловот „Најмила“.

Песната веројатно ќе пристигне заедно со видео запис, во кој главната улога ќe ѝ припадне на најуспешната македонска манекенка Катарина Ивановска (насловна фотографија). Екранизацијата на „Најмила“ ќе ја изработи екипата на „Томато продукција“, а додека го очекуваме новиот хит на Панчо и Андреј, да се потсетиме на насловната тема од албумот „Срце“.

 

И.Ј.



Врати се горе ↑