Балкан

13 декември, 2018

ДНК на првото доделување на МАС

Сè поголем број музички имиња од регионот ја даваат својата поддршка за претстојното прво доделување на регионалните музички награди МАС (Music Award Ceremony), кое ќе се одржи на 29 јануари во арената „Штарк“ во Белград. На спектакуларната манифестација, на која ќе учествуваат над 60 познати личности од целиот регион, ќе им бидат доделени признанија на најдобрите изведувачи од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Покрај Бреговиќ, Цетински, Бајага и многу други, стигна и првата поддршка од Македонија, која доаѓа од едната половина на најпопуларното ар-ен-би дуо ДНК – Панчо.

„Со огромна чест и задоволсто ја прифативме поканата со ДНК да бидеме дел од најголемата БАЛКАНСКА Music Award манифестација што за првпат ќе се одржи во Белград на 29 јануари во арената ’Штарк’. Се гледаме “, порача тој.

 

Само за потсетување, првиот, иницијален избор на нумери и изведувачи за MAC признанијата ќе го направат 220 радиостаници од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, раководејќи се од свои релевантни параметри на слушаност и популарност на песните и изведувачите. На тој начин ќе им се даде важност на мислењата на слушателите, но публиката ќе има и дополнителна можност да гласа за своите фаворити, што, исто така, ќе се земе предвид во конечните одлуки за победниците на категориите.

MAC ќе биде врвот на досегашната работа на продукциската куќа „Скајмјузик“ (Skymusic), која зад себе има дводецениско искуство во техничката продукција на најголемите регионални музички настани. Манифестацијата директно ќе ја пренесуваат телевизии со национална фреквенција од регионот, а најновите информации за MAC можете да ги следите преку интернет-страницата www.musicawardsceremony.com, како и на на Фејсбук и Инстаграм.

Фотографија: Вечер



Врати се горе ↑