Македонија

14 февруари, 2019

ДНК на „Берлиенале“!

Од 7 до 17 февруари во Берлин се одржува Интернационалниот филмски фестивал, 69. „Берлинале“, каде за Златната и Сребрените мечки се натпреваруваат 17 филма меѓу кои и македонскиот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар – Митевска. По тој повод во Берлин е собрана светската филмска елита (меѓу присутните се актерот Кристијан Бејл, Жилиет Бинош, која е дел од жирито, потоа Труди Стајлер, сопругата на славниот Стинг…), која во неделата додека чекореше по црвениот килим имаше можност меѓу другото да ужива и во македонска музика. Поточно во хитот на ДНК, темата „Стојам сам“.

„Се изненадив кога ми се јавија да ми кажат дека додека свеченоста на црвениот килим се слуша нашата песна. Навистина не знам ниту се нашла таму, но ете драго ми е што на филмски настан од таков калибар е пуштена токму наша песна“, вели Панчо.

Погледнете го видеото снимено на црвениот килим, а песната можете да ја чуете од 1:48 до 4:48 минути.



Врати се горе ↑