Видео днк

28 март, 2016

ДНК ќе го прослават 15. роденден со концерт

Популарното ар-ен-би дуо ДНК годинава ќе одбележи 15 години работа, а овој јубилеј ќе го прослави со нов албум и со голем концерт. Плановите за концерот Андреј и Панчо ги открија во неодамнешното гостување во емисијата „Еден на еден“, а гледачите имаа можност да се потсетат и на нивните музички почетоци во групите „Океј бенд“ и „ТНТ“, како и дека песната „Што сака нека биде е напишана за познатата манекенка и мис на Македонија, Емилија Розман.

Насловен „Уште еден ден“, новиот албум на ДНК ќе излезе на 9 мај, а беше најавен со актуелниот хит „Само таа знае како“. ДНК заедно со „Пеперминт“ токму овој сингл, но во боса нова верзија, го изведоа и во самата емисија, а како звучеше сето тоа можете да слушнете во продолжение, додека целата емисија можете да ја прегледате тука.

Фотографија: Јутјуб

 



Врати се горе ↑