Галерија IMG_8751

28 јули, 2014

ДНК ја почестија охридската публика со одличен концерт

Бенд за концертен настап, плажата Кадмо преполна, одлични вибрации и многу љубов од публиката, беа само мал дел од сликата која можеше да се види вчера на коцертот на ДНК во Охрид. Публиката ги пееше сите песни, како од новиот, така и од постариот материјал, а Панчо не издржа а да не ги покаже своите вокални способности повторно пеејќи ја „Rolling In The Deep“ од Адел.

„Секогаш сме си поминувале супер во Охрид, но оваа вечер ни беше посебна, затоа што долго време не сме настапиле во овој антички град, а и најмногу ни е драго што публиката ги пееше заедно со нас сите песни од нашиот нов албум ’Срце’“, изјави Панчо кој очигледно беше презадоволен од она што го доби од публиката.

„Што сака нека биде“, „Авион“, „Срце“, „Дада“, „Спонзоруша“, „Пази се од мене“, „Навлечен на тебе“, беа дел од песните кои публиката ги пееше заедно со Андреј и Панчо. Но најмногу реакции добија за последното нешто од ДНК, „Она е од Шутка“, песната која ја посветија на сите наши сограѓани од ромска националност.

Инаку овој концерт беше само дел од турнејата на ДНК која е планирана за ова лето. Следуваат уште многу настапи ширум Македонија.



Врати се горе ↑