Промоции DNK Cover1

21 мај, 2013

ДНК го претставува новото „Срце“

Салонот на Рено на Аутомотив Груп оваа среда (22-ри мај) ќе биде местото на случување на промоцијата на новиот албум на Р&Б дуото ДНК насловен „Срце“. Продуцент на ова музичко парче е Лазар Цветкоски, а Панчо се јавува како автор на музиката и текстовите на сите песни од албумот.

„Поминаа цели три години од издавањето на нашиот претходен албум „Кажано е сè“, период во кој не престанавме да твориме и да создаваме музика од срце. Токму затоа новиот албум е насловен „Срце“, затоа што сè работиме со огромна љубов и внимание. Искрено се надеваме на позитивни реакции од слушателите за новите песни од албумот“ – велат Панчо и Андреј.

Албумот „Срце“ содржи вкупно 16 нумери од кои 6 се сосема нови, а на истиот се наоѓаат и две бонус траки. Неколку од песните веќе добија свои видео изданија, а утревечер присутните во Рено во 21 часот премиерно и ексклузивно ќе го погледнат и видео записот за една од новите теми од албумот – „Старлета“.

Издавач на албумот е Пасворд Продукција.

 



Врати се горе ↑