13 јуни, 2017

ДНК го овековечија роденденскиот концерт во видеото за „Темно е“

Македонскиот ар-ен-би двоец ДНК деновиве го претстави новото видео за темата насловена „Темно е“, која се најде на албумот „Уште еден ден“. и чија екранизација ја овековечи атмосферата на големиот славенички концерт што го одржаа минатиот месец во арената „Метрополис“ во Скопје.

„Се надеваме дека ќе уживате во песната, а сите оние кои беа на концертот ќе се потсетат на атмосферата и можеби ќе се пронајдат на самото видео (слободно тагнете се). Сите оние кои не беа, еве им можност во кратки црти да видат како беше на истиот, а целосниот концерт очекувајте го кон крајот на септември на една од македонските телевизии, па потоа и на нашиот официјален јутуб канал“, велат Панчо и Андреј претставувајќи го видеото за „Темно е“ кое можете да го погледнете горе.

Секако дека славеничката атмосфера не завршува овде, па момците продолжуваат со концертна турнеја ширум земјата, а првите што ќе имаат можност да уживаат со нивните најголеми хитови се штипјани, во чиј град ДНК ќе настапат в сабота, 17 јуни, во кафулето „Џет.



Врати се горе ↑