Македонија 307410_181073511969298_1914290155_n

14 декември, 2012

Длабока Трага дебитираат со „Никогаш исто“

Момците од скопската рап група Длабока Трага закажаа промоција на нивниот прв албум „Никогаш исто” на ден 21-ви декември (петок) во Stage Caffe во Skopje City Mall. Овие 15 искрени песни (меѓу кои „Сказни Од Асфалтот“ и „Одведи ме“), во рапов сувопарен ја носат потребната свежина, прават преродба. Тројцата емсиа пишуваат паметни, трезвени текстови за тоа што го гледаат и слушаат, за тоа што го нема на телевизија, радио или весник.. Албумот е комплетно продуциран за Зад Аголот Продукција (Даре ДТ и Марко СВП). Гостуваат: СВП, Дудо ДНС, Rootsman, Деки 02, Аце Контра Напад, Dj Oky Doky, Dj Илиќ, Паки, Ajs.

Со промени во составот функционираат од 2006 година, а денес Длабока Трага се Тоди, Даре и Маро. Звукот на Длабока Трага претставува фузија од “бум-бап”, соул, фанк и џез жанровите. Развивајќи го својот звук и стил, зборуваат за борбата која ја носи животот, нивните погледи и мислења за истиот, за “темното под” и “белото над”, со надеж дека некогаш нивната музика и текстови ќе допрат и помогнат некому, па дури и да ги натераат да ги променат своите животи.

Изминатава година имаа повеќе настапи низ Македонија, меѓу кои најзначајни се на добротоворниот концерт за скејт паркот во Скопје, „Хип Хоп камп” – Охрид и на „ПИН” – првата музичка конференција во Скопје. Длабока Трага официјално од пред една година стана дел од  Зад Аголот, групација од неколку хип-хип артисти: Свп, Длабока Трага, Контра Напад, Паки, диџеј Илиќ, Исо, Гого и Римиски Масив.

Третата трака од „Никогаш исто”, „Потценуваш” која е достапна за бесплатно симнување, се најде и на компилациското промо ЦД за ПИН музичката конференција. На видеото работеа Горан Симјаноски и Бранко Блажевски и веќе можете да го погледнете во продолжение. Се гледаме на 21/12/12 во Stage Caffe во 21 часот. Влезот е бесплатен, а албумот ќе се продава по промотивна цена од 100 денари. Поддржете квалитетна музика!

 



Врати се горе ↑