Интервју 944536_10200433877877188_1769856493_n

16 јули, 2013

DJ Zarkoteach: „И покрај турбофолкот, имаме квалитетна клупска сцена!“

Позади псевдонимот Zarkoteach стои кумановецот Жарко Крстевски, кој веќе подолго време ја забавува не само кумановската, туку и публиката низ градовите ширум државата, а љубителите на хаус музиката редовно присуствуваат на неговите забави.

  • Нема диџеј кој започнал со оваа работа најпрво од љубовта кон музиката. Несомнено дека тоа е случајот и со тебе, но раскажи ни за твоите почетоци, како почна и колку време работиш како диџеј?

Како прво ви благодарам за поканата за интервју, моите почетоци беа во средношколските денови мислам на 16, 17 години некаде, а веќе можам да кажам професионално 5 години. Во почетоците организирав ретро забави затоа што мислам дека музиката од ’80 и ’90 години (Disco, funk, dance) е најквалитетна и најинспиративна претежно за најновите синглови кои излегуваат. Но сепак, како што кажав 5 години сум фокусиран на хаус музиката.

  • Кои музички стилови и насоки најчесто ги опфаќаш?

Мојот стил е хаус музика или поконкретно Deep house, Indie dance – Nu-Disco, Tech-house.

  • Што мислиш за клупската сцена во Македонија? Колку е прифатена таа музика од домашната публика?

Како што сите знаеме, за жал кај нас преовладува “турбофолкот”, но сепак може да се каже дека имаме квалитетна клупска сцена со доста продуценти и успешни диџеи. Можам да издвојам неколку градови како на пример Битола (Лектира), Скопје (Сектор, Капан Ан), Кавадарци (Express caffe), Куманово (Cube) каде што се врти ваков тип на музика, a исто така и имаат добрa публика.

  • Каква музика слушаш приватно? Кои артисти ти се омилени?

Во слободно време најчесто слушам нешто порелаксирано, на пример Soulfull disco, Chill out, како и музиката од ’80 и ’90 која ја ценам доста.

  • Чија музика најчесто може да се слушне во твоите миксови?

Па би ги издвоил : Maceo Plex, Hot Since 82, Karmon, Betoko, Solomun, Tube & Berger, Soul Clap.

  • Покрај одличните миксови, си размислувал ли за твоја авторска музика? Си продуцирал ли нешто до сега?

За жал до сега немам авторска музика, но во наредниот период се надевам дека ќе почнам и со продукција.

  • Каде си настапувал до сега? Има ли некој настап што особено ти останал во сеќавање?

Хм… Па сум настапувал низ цела Македонија, а настапите во Куманово најчесто ми се најинтересни заедно со кумановската публика, а како мој омилен локал би го издвоил Bar Cube.

  • Летото е можеби најплоден период од годината кога станува збор настапи. Каде сè ќе можеме да те видиме летово?

Па викендов сум Куманово, во наредните денови заминувам за Грција каде што ќе настапам на неколку дневни забави на плажи. Се враќам на 27-ми кога ме очекуваат настапи во Охрид на 28-ми јули  во Kadmo Club & Beach, потоа на 1-ви и 2-ти август на плажата Санрајз на забавите пред и по настапот на Том Нови, а на 3-ти август ќе настапам на плажата Оревче.

Најновиот микс за месец јуни можете да го слушнете на следниот линк.

 Подготви: Ивона Јанкова



Врати се горе ↑