Македонија dj shorty p

2 јули, 2013

DJ Shorty P на Fresh Island Festival во Хрватска

Втора година по ред, FRESH ISLAND FESTIVAL (10-13 јули 2013), најавува одлична дружба за сите фанови на квалитетниот хип-хоп и р’н’б. Покрај веќе најавените настапи на легендите Snoop Dogg a.k.a. Snoop Lion, Iggy Azalea, KRS One, A$AP Rocky, Dj Tony Touch, Dj Statik Selektah и многу други, сцената на плажата Зрче, на островот Паг во Хрватска, ќе ја освежи и нашиот DJ Shorty P со свој сет на 11-ти јули, во open-air клубот Papaya. Легендарната група Madcon која ги освои светските топ листи  со хитот  „Beggin’“ исто така ќе биде дел од овој голем настан, снимајќи го својот нов видео запис на самиот фестивал, а Панчо ќе настапи заедно со нив на главната фестивалска сцена New Yorker  во Papaya.

Dj Shorty P ја започнува својата кариера како диџеј во 2004-та година. Свои настапи како резидент диџеј бележи речиси во сите поголеми клубови во Скопје и низ градовите во Македонија. Значајни настапи надвор од државата кои се интересни да се споменат се: настапот во Шафхаусен/Швајцарија, настапите во Загреб, Задар, Белград, Тирана, Пеза, Драч, Приштина и Урошевац.

Shorty P е основач на промотерската агенција SureShotz Entertainment, која е организатор на позначајните хип-хоп концерти кај нас: Jeru Tha Damaja, Kurtis Blow, Keith Murray, Kurtis Blow Junior aka Kurtis Cloud, Afu Ra, Guru of Gang Starr ( R.I.P. ), Nina Sky, J-Ro From Alkaholiks, AKIL The MC From Jurassic 5, Edo Maajka и многу други.



Врати се горе ↑