За Вас

28 октомври, 2017

Дизајнирајте лого за „Авалон“ и добијте 2 доживотни карти за нивните концерти

Продукцијата „Авалон“, која е една од главните виновници за концертите на најголемите музички имиња во светот, следната 2018 година ќе го прослави својот 25. роденден, па по тој повод распишан е конкурс за дизајнирање ново лого, кое ќе биде дел од нивните маркетинг и промотивни материјали и кое ќе се појави на сите постери, билборди, летоци и на социјалните мрежи.

Победникот на конкурсот ќе биде награден со две специјално дизајнирани доживотни карти за сите идни концерти на „Авалон“, кои ќе се одржат не само во Македонија, туку и на Балканот.

AVALON-2Лого по повод 20 години Авалон продукција

Бидејќи се работи за 25-годишен јубилеј на продукцијата, за инспирација можете да го искористите логото кое го имаа изработено по повод 20 години постоење. Исто така, препорака на „Авалон“ е при изработката на новото лого да ги користите нивните веќе препознатливи бои, но сепак отворени се и за нови, свежи и иновативни идеи и предлози.

Вашиот предлог-дизајн можете да го испратите на а[email protected] најдоцна до 27 ноември 2017, а на истиот мејл можете да се обратите и доколку имате какво било прашање.

Извор и фотографии: Reborn.mk



Врати се горе ↑