14 мај, 2018

„Дисконектед“ имаат „Пари на ум“

Прилепско-струмичкиот тандем „Дисконектед“ (Disconnected), кој е составен од диџеите Марио Еди (Mario Eddie) и Маршал (The Marshall), го претстави својот нов сингл насловен „Money On My Mind“, во кој гостува колегата Монарк Супремо.

Видеото во режија на Филип Пашоски, го разубави Антонела Димова, а за испишувањето на стиховите во истото се погрижи Никола Китаноски. Проектот поддржан од „Лолипоп ентертејнмент груп“ можете да го видите и слушнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑