Концерт

3 јануари, 2019

„Диско-треска“ за Василица во МОБ

„Диско-треска“ или „Disco Fever“ е темата на годинашниот традиционален концерт по повод празникот Василица, кој ќе се одржи на 12 и 13 јануари во МОБ. На двата гала-концерти публиката ќе може да ужива со изборот од најдобрите диско-хитови од седумдесеттите, во целосно нови, симфониски аранжмани, соопштија организаторите.

Почетокот за двете вечери е закажан во 20.00 часот, а влезници можете да набавите во билетарницата на МОБ.

 



Врати се горе ↑