18 јуни, 2013

„Дишете слободно“ со „Д хаундс“ и Леа

Од денесka, на радио станиците низ Македонија, како и низ социјалните мрежи, ќе имате можност да ја чуете новата песна на момчињата од бендот „Д хаундс“– овој пат заедно со Леа. Насловот на песната е „Да дишеме слободно”.

Текстот и композицијата на оваа летна нумера со освежителен призвук се на Кирил Бабамов, а ексклузивна помош низ реализацијата даде Весна Малинова. Снимена е во студиото на Нино Васков (Стерео рекордс). За песната ќе биде снимен и видео запис, но додека да го дочекаме истиот, момците и девојката одлучија како позадинска слика на песната да користат колаж, заеднички изработен од нивните пријатели.

Бендот „Д хаундс“ постои од 2008-та година, кога момците едноставно одлучија дека сакаат повеќе да се посветат на својата авторска музика, отколку на каверите. Оттогаш, покрај многуте клупски и фестивалски настапи низ целата земја, тие посветено работат на материјалот за својот прв албум, во соработка со Нино Васков.

Леана Таќи – Леа имавме можност да ја следиме низ клупските свирки во повеќе состави, а во последните години ја гледавме како член на бендот Ај Кју. Од оваа соработка излегоа повеќе хитови, но во последно време можеме да ја чуеме како соло изведувач.

Уживајте и „дишете слободно“!

 

 

 



Врати се горе ↑