Настани cover_disclosurefaa0d8

16 февруари, 2014

„Дисклоужр“ Ви го претставува „Вајдлајф“ спектаклот на Егзит!‏

По повод 15. издание на фестивалот „ЕГЗИТ“, Денс Арената 2014. ќе го претстави бек-ту-бек концептот на диџеј настапот, кој пред пет години ја запали Денс Арената, на што посетителите на ЕГЗИТ фестивал 2009. добро се сеќаваат!Хедлајнерите на водечките светски фестивали, британското дуо DISCLOSURE доаѓаат во Србија со специјалното шоу насловено WILDLIFE, претставено во јавноста пред само недела дена. Wildlife, вечерта на составот Disclosure и нивните музички пријатели и изведувачи кои ги сакаат, на Денс Арена, покрај сетот на DISCLOSURE LIVE, кој важи за еден од најдобрите лајв настапи во светот на електронската музика, ќе ги претстави и b2b настапите на CARL CRAIG vs GREEN VELVET, DUSKY vs PAUL WOOLFORD, како иJACKMASTER&ONEMAN present Can U Dance!

Најавата за првите артисти на Денс Арената можете да ја погледнете во продолжение.

 

Британското дуо DISCLOSURE постави нови темели кога е во прашање електронската музика, во најголема мера докажувајќи дека и понатаму постои можност алтернативната електроника да оствари голем успех без компромиси во своето творештво. Браќата Гај (22) и Хауард (19) Лоренс достигнаа статус на имиња кои не само што распродаваат концерти ширум светот и освојуваат топ листи, туку веќе и го променија изгледот на електронската сцена, отворајќи ги вратите кон нови млади андерграунд таленти. Минатата година го претставија деби албумот Settle, кој достигна до прво место на британската топ листа UK Album Chart, а исто така е номиниран и за најдобар денс/електронски албум на Grammyнаградите 2014. На претстојните Brit Awards, Disclosure се номинирани во четири категории, за најдобар албум, најдобар британски бенд и најголемо откритие на годината, додека за доделувањето на британските музички награди најавен е и нивниот специјален настап со актуелната новозеландска пејачка Lorde.

Заеднички настап на омилениот подиум на ЕГЗИТ фестивал ќе имаат и добро познатите музички магнати, Carl Craig vs Green Velvet. Визионерот на електронската музика, креативниот музички магнат, Carl Craig, сопственик на добро познатата етикета Planet E, доаѓа повторно на Денс Арена за заедно со Green Velvet да го објасни значењето на одличниот провод! Ексцентричниот музичар и продуцент од Чикаго, познат по своите сајберпанк фризури и многубројните хаус хитови, Green Velvet е еден од омилените изведувачи на Денс Арена, уште од неговото спектакуларно затворање на ЕГЗИТ фестивалот во 2009 година, во тандем со Carl Cox. Оваа година во посебниот b2b настап со Carl Craig подготвен е да ја разнесе Денс Арената!

На Wildlife вечерта ќе гостува и b2b сетот Dusky vs Paul Woolford. Лондонското дуоDusky подеднакво се комотни при пишувањето на елегантни оркестрални грувови и клавирски мотиви и при креирањето на тврди хаус и техно ритми, а токму во тоа лежи нивниот правец – компонирање на електронска музика со длабочина, дух и оригиналност. По повеќе заеднички свирки, Dusky ја пронајдоа хемијата со Paul Woolfordom, на некои познат како Special Request, човекот кој ја изгради својата блескава кариера како диџеј, продуцент, сопственик на издавачки куќи, ремиксер, колаборатор и експерименталист.

Jackmaster и Oneman ја започнаа турнејата со новиот концепт Can U Dance кој ветува одлична забава, со оглед на тоа дека диџеите настапуваат на четири грамофони! Оваа година, заедно ќе го претстават концептот кој го надминува стандардниот b2b пристап, без посебна филозофија, маски и го-го танчерки, сведувајќи сѐ само на она што произлегува од звучниците.
Yes, U Can Dance.

ВЛЕЗНИЦИ: Влезниците за ЕГЗИТ фестивал во Македонија се достапни преку продажната мрежа на МКтикетс и во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат).

*Exit Фестивалска влезница: 3.580 МКД
*Exit Авантура влезница: Влезница за Exit + влезница за Sea Dance Фестивал: 4.230 МКД
*EXIT камп: 1.650 МКД
*Sea Dance камп: 1.650 МКД

ПАКЕТИ: Пакет опциите за влезници со превоз се достапни во ограничен број.
*EXIT Фестивал ПАКЕТ: Влезница за Exit + влезница за Exit камп + превоз (Скопје – Нови Сад – Скопје): 6.300 МКД
*EXIT Авантура ПАКЕТ: Влезница за Exit + влезница за Sea Dance Фестивал + влезница за Exit камп + влезница за Sea Dance камп + превоз (Скопје – Нови Сад – Будва – Скопје): 11.350 МКД



Врати се горе ↑