Аудио md-avvdc

30 ноември, 2014

Дипло со уште една празнична компилација

По минатогодишното издание „A Very Decent Christmas“, познатиот американски музички продуцент Томас Весли Пенц, попознат како Дипло, деновиве го претстави продолжението насловено „A Very, Very Decent Christmas“. Продуцентот и екипата од издавачката куќа „Мед дисент“ (Mad Decent) за годинава подготвија оригинални електронски интерпретации на класичните божиќни песни како што се „Jingle Bells“, „Little Drummer Boy“ и други, а сето тоа можете да го преслушате во продолжение.

 

Меѓу другото, продуцентот неодамна открил дека работи на нова соработка која ги вклучува Мадона, Ники Минаж и британската продуцентка Софи: „Со Софи направивме многу нешта заедно. Јас едноставно сакам да соработувам, особено ако можам да направам добра песна со Мадона, Ники и Софи, тоа е сè што сакам да направам. Сакам да направам нешто што не било направено досега!“, изјавил музичарот.



Врати се горе ↑