Настани 10151378_10152380696153698_1334003450565625619_n

17 април, 2014

Дип Диш ексклузивно на Егзит Денс Арена

Едно од најголемите дуо имиња во историјата на денс и електронската музика и добитниците на Греми награди, ДИП ДИШ (DEEP DISH), Торонто и Монтреал е токму – Денс Арена, Нови Сад, Србија! Ова хаус дуо на последниот ден од ЕГЗИТ фестивал носи низа еминентни музички имиња, како што се БЕТР ЛОСТ ДЕН СТЈУПИД (BETTER LOST THAN STUPID) – Давиде Сквилаче (Davide Squillace) vs Мартин Бутрих (Martin Buttrich) vs Матијас Танцман (Matthias Tanzmann), Џејмо и Енди Џорџ (JAYMO & ANDY GEORGE) и Вејз и Одисеј (WAZE & ODDYSEY)!

Денс Арената на најдобриот европски фестивал ги претставува специјалните „бек ту бек“ настапи, организирани по повод 15-тото издание на ЕГЗИТ! По Wild Life вечерта на составот Дисклоужр, која ќе ја окупира Арената во четврток, журката на вториот ден од фестивалот ќе ја продолжи еден од омилените диџеи на ЕГЗИТ фестивал во рамките на вечерта Карл Кокс и Пријателите (Carl Cox vs Friends). Наредната вечер ќе нè потресе Грозница на саботната вечер, а извор на заразата ќе биде суперпопуларниот Афроџек, за потоа во недела „бек ту бек“ настапите да ги предводи славниот диџеј тандем Дип Диш!

Ако во 2009 бевте дел од историјата на Денс Арена, сигурно се  сеќавате кога ЕГЗИТ беше ПРВИОТ фестивал кој ги спои неверојатните таленти во единствен лајнап со „бек ту бек“ изведувачи. Никој до тогаш немаше изведено подвиг од таков размер. Подгответе се, втората рунда на овие возбудливи настапи почнува на 10 јули на Петроварадинската тврдина!

DEEP DISH ака Шарам (Sharam) и Дабфајр (Dubfire), по шест години пауза, го најавија продолжението на својата соработка со новиот сингл ‘Quincy’, како и Deep Dish Reunion журката во Мајами, која претставуваше најисчекуван настап на славната конференција на електронска музика, Winter Music Conference. Иранско-американското дуо, од моментот кога се запознаа во почетокот на деведесеттите, веднаш ја освоија хаус сцената. Еден од најголемите успеси во музичката индустрија – Греми наградата ја добија за ремиксот на синглот “Thank You” (Дајдо). Списанието „Ролинг Стоун“ за нив напиша дека „Најверојатно не постои подобар диџеј тандем од Deep Dish“, додека на почетокот на оваа година Пит Тонг на „Би-би-си Радио 1“ рече дека Дип Диш е „едно од најголемите дуо имиња во историјата на денс и електронската музика“.

Тројката Бетр Лост Ден Стјупид (BETTER LOST THAN STUPID) составена од  Италијанецот Давиде Сквилаче (Squillace) и Германците Мартин Бутрих (Buttrich) и Матијас Танцман (Tanzmann), претставува најсвеж колектив на „тешкаши“ од редовите на хаус и техно диџеите, кој настапува во специјален и нестандарден „бек ту бек ту бек“ состав од 2010 година. Како посебни изведувачи, овие музичари ги поминаа микс-пултовите на најголемите светски клубови и фестивали, додека настапите како Бетр Лост Ден Стјупид се ретки, ексклузивни и го редефинираат поимот диџеј сет, особено поради кокетирањето со „лајв“ настапот.

 

Џејмо и Енди Џорџ (JAYMO & ANDY GEORGE)
Од своето запознавање во 2008 година Џејмо и Енди Џорџ не само што ја покренаа една од најатрактивните британски музички етикети, издавачката куќа „Moda“, туку веќе организираа и журки ширум целата планета, настапија во живо на „Би-би-си Радио 1“, ја лансираа етикетата „Moda Black“, продуцираа кавер цеде за „Миксмаг“ и обезбедија две најважни резидентури на светот: We Love… Space на Ибица и лондонскиот Fabric. Покрај објавувањето на проверени артисти како што се Maxxi Soundsystem и Eats Everything, Џејмо и Енди Џорџ открија и поворка од нови млади исклучителни таленти како Хот Синс 82 (Hot Since 82), Миа Дора (Mia Dora) и Дисклоужр (Disclosure).

 

Вејз и Одисеј (WAZE & ODDYSEY)
Откако се зближија јадејќи хамбургери на крајот од 2011. година, Вејз и Одисеј за само 12 месеци го поминаа патот од анонимен „Саундклауд“ профил до највозбудливи електронски изведувачи. На тој пат објавија повеќе одлично критички прифатени синглови, направија ремикси за изведувачи како што се Дисклоужр и T.E.E.D., настапија на сите континенти и станаа регуларни гости во емисиите на  Пит Тонг, Ени Мек и Скрим.

 

До сега објавени изведувачи на Денс Арена се:

AFROJACK VS QUINITINO | CARL COX VS DANNY TENAGLIA | DEEP DISH | DISCLOSURE LIVE

BEN KLOCK VS MARCEL DETTMANN | BETTER LOST THAN STUPID [MARTIN BUTTRICH VS DAVIDE SQUILLACE VS MATHIAS TANZMANN] | CARL CRAIG VS GREEN VELVET | DUSKY VS PAUL WOOLFORD
EATS EVERYTHING VS CASSY | HEIDI VS KIM ANN FOXMAN | MACEO PLEX VS DANNY DAZE | PLANETARY ASSAULT SYSTEMS LIVE | TIGA VS DJ HELL

JACKMASTER & ONEMAN PRESENTS CAN U DANCE | JAYMO VS ANDY GEORGE | WAZE VS ODYSSEY



Врати се горе ↑