Видео

2 март, 2019

Дина ја претстави својата „Последна минута“

Дина Јашари ја претстави својата нова песна насловена „Последна минута“, на која самата се потпишува и како авторка на музиката и стиховите, а за снимањето, миксот и мастерингот се погрижи Иван Јованов – Ивајо. Песната стигна во комплет со мошне интересно видео во режија на Томислав Живковиќ, а како креатор на целиот проект е потпишан Томи Акимовски.

Освен Дина (и Дина и Дина и Дина…), во видеото се појавуваат и Давид Јашари, Дарко Ристовски, Дина Велкова, Кирил Костов, Марјан Наумов, Никола Панајотовиќ, Тамара Ангелова и Викторија Илиевска.

Талентираната музичарка и овој пат се покажа во одлично светло, а нејзината музика е вистинско освежување на нашата сцена. Се надеваме дека допрва ќе нè чести со уште многу вакви авторски синглови, а како звучи и изгледа нејзината „Последна минута“ дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑